Алкараз елиминиран во четвртфиналето на Мајами

465

Во четвртфиналето на АТП турнирот во Мајами, Бугаринот Григор Димитров постигна голем успех, го елиминираше вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз. Димитров беше подобар со резултат 6:2, 6:4, а за рутинска победа му беа потребни само час и 32 минути игра.

Димитров моментално е 12. играч на АТП листата, а ова е негова најголема победа сезонава според пласманот на противникот. Тој во полуфиналето ќе ги одмери силите со Германецот Александар Зверев, петтиот играч во светот. Во второто полуфинале се среќаваат Русинот Даниил Медведев и Италијанецот Јаник Синер.

ПретходноБелгија на Евро 2024 со дресови инспирирани од популарен стрип (ФОТО)
СледноНајдобриот тим повторно на колена пред Атланта, Богдановиќ со тројка донесе продолжение (ВИДЕО)