Германскиот шампион Баерн Минхен го смета францускиот стручњак Зинедин Зидан како еден од главните кандидати за местото нов тренер на минхенскиот клуб, кој ќе биде испразнет по заминувањето на Томас Тухел на крајот од актуелната сезона. германското издание Билд.
Според изворот, во моментов нема директен контакт меѓу двете страни. Самиот Зидан сподели дека е заинтересиран за можноста да ги води Баварците, споредувајќи го германскиот клуб со Реал Мадрид, каде Французинот ги постигна најголемите тренерски успеси.
🚨 Zinédine Zidane is one of the options considered by Bayern to succeed Thomas Tuchel this summer.
Franck Ribéry could even be his assistant. 😯🇫🇷
(Source: @BILD ) pic.twitter.com/XKXobV3GVn
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 28, 2024
Се нагласува дека во случај на договор раководството на клубот од Минхен ќе побара уште еден Французин и легенда на тимот – Франк Рибери да стане помошник на Зидан. Самиот Зидан не се занимава со тренерство од 2021 година, откако го напушти Реал Мадрид.