Брат за брат, сирење за пари: Ти Џеј го тужи својот брат Тони Паркер за неисплатени плати!

419

Поранешниот тренер на француски Асвел, Ти Џеј Паркер, поднесе тужба против францускиот клуб за предвремениот раскин на неговиот договор, што значи дека влегува во правен спор со сопствениот брат, легендарниот Тони Паркер.

Ти Џеј бара отштета за раскинувањето на соработката, а доби отказ по серијата лоши резултати во Евролигата и домашното првенство. Двете страни очигледно не успеале да се договорат за висината на обештетувањето, по што ќе следи судска разрешница на случајот.

Братот на Тони Паркер бара да му бидат исплатени сите хонорари до крајот на неговиот договор, што значи дека клупската каса на Асвел може да биде „ослободена“ за 500.000 евра.

ПретходноФуриозно второ полувреме за убедлива победа на Мулти Есенс
СледноАко ПСЖ го сака Леао треба да плати цело богатство