Како што објавува Фабрицио Романо, се чини дека е готова сагата околу тоа кој клуб ќе биде предводен од Чаби Алонсо во наредната сезона. Имено како што нагласува познатиот Италијанец, Алонсо нема намера да ја менува средината и тој и во наредната сезона ќе биде на клупата на Баер Леверкузен.
Ова се разбира дека ќе ги растажи раководствата на Ливерпул и Баерн Минхен, гиганти кои не криеја дека го сакаат тренерот кој оваа сезона прави чуда во светот на фудбалот со својот Леверкузен.