Пеп во проблеми пред дуелот со Арсенал: Стоунс и Вокер нема да играат на големото дерби

172

Централниот и десниот бек на Манчестер Сити, Џон Стоунс и Кајл Вокер нема да му помогнат на својот тим на викенд мечот од 30. коло на Премиер лигата против Арсенал.

Стоунс и Вокер беа принудени да го напуштат теренот за време на пријателските натпревари на Англија против Белгија и Бразил. Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не го објави тајмингот во кој и двајцата треба да се вратат на тренинзи.

„Повредата на Кајл е посериозна од онаа на Џон, но тие ќе бидат надвор од засега на се уште нејасен број на натпревари“, рече Пеп.

Менаџерот на шампионот додаде дека голманот Едерсон се чувствува многу подобро, додека централниот бек Мануел Аканџи е „фит“. Офанзивниот играч за врска Кевин Де Бруин и левото крило Џек Грилиш тренираа, па тие исто така би можеле да бидат во комбинација за мечот со Арсенал, кој е големо дерби во недела на „Етихад“.

ПретходноРобертсон ќе паузира само еден меч
СледноФФМ по истрагата за наместени натпревари: Целосно соработуваме со МВР