Фуриозно второ полувреме за убедлива победа на Мулти Есенс

200

Ракометарите на Мулти Есенс ја остварија и четвртатат победа во втората фаза од натпреварите во плеј-аут делот во Суперлигата. Денеска на домашен терен во Автокоманда, Мулти Есенс со високи 32:20 славеше на дуелот со екипата на Скопје.

Во текот на целиот меч домашните имаа предност, но во финишот на првото полувреме, гостите успеаја да се вратат во игра, па дури и да заминат во егал на пауза. Полувремето заврши со нерешени 12:12.

Сепак, во вториот дел разликата во квалитетот дојде до израз. До 40 минута, Мулти Есенс направи предност од два гола (16:14), а до 45 минута веќе имаа разлика од +7 (22:15), пред се поради одличната игра во контра.

Во составот на Мулти Есенс, Давид Димевски со 11 гола, додека кај Скопје Шоковски постигна 7 голови.

ПретходноСтрански војници ќе бидат распоредени во Париз за време на ЛОИ 2024
СледноБрат за брат, сирење за пари: Ти Џеј го тужи својот брат Тони Паркер за неисплатени плати!