НОВАК ЃОКОВИЌ и Горан Иванишевиќ по шест години ја прекинаа соработката. Неочекуваната вест на својот Инстаграм ја сподели Ѓоковиќ кој се прости од својот тренер. Иванишевиќ одговори и на Инстаграм, но без ниту еден збор. Легендарниот Хрват ја сподели само објавата на Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ веќе има нов тренер, на оваа информација денеска пренесоа српските медиуми кои наведуваат дека тоа е готова работа, но дека се уште се чека официјално соопштение од штабот на српскиот тенисер. Имено, Горан Иванишевиќ треба да го наследи легендарниот српски тенисер Ненад Зимоњиќ.
Најдобриот светски тенисер им се обрати на медиумите по прикажувањето на филмот Легенда, кој е посветен на Никола Пилиќ, легендарниот хрватски тенисер, тренер и селектор. Покрај филмот, Ѓоковиќ за прв пат проговори и за разделбата со Горан Иванишевиќ.
„Горан е, пред се, пријател за цел живот. Мојата и моето семејство. Некој кој ми е исклучително драг. Тоа што ја прекинавме соработката не значи дека ќе престанеме да бидеме пријатели. Стигна до точка на заситеност, почувствувавме дека е време да се разделиме по речиси шест години соработка каде ги испишувавме страниците од историјата на нашиот спорт. Поминавме низ сито и сито“, рече Ѓоковиќ и додаде:
“Поминавме низ многу моменти кои не ни беа воопшто пријатни. И покрај се тој беше тука за мене. Најмногу ќе го паметам тој човечки однос кон мене. И поради тој однос резултатот дојде како последица на сето тоа . Му посакувам се најдобро. Повеќе немам јасна претстава кој би можел да го замени и дали ќе биде некој. Секогаш имав тренери со мене, се трудам да почувствувам што точно ми треба.”