Микел Артета пред дербито со Сити: Пеп е најдобриот тренер во светот!

113

Во недела во меч од Премиерлигата во битка за врвот на табелата се среќаваат Манчестер Сити и Арсенал. Меч кој може да покаже многу работи. Јасно е дека Сити е во улога на фаворит, но да не се заборави дека Арсенал во последно време игра фантастично.

Микел Артета, во пресрет на неделниот дуел, денеска на прес покрај другото го испофали ривалот, а посебно Пеп Гвардиола, на кого до пред некоја година му беше помошник:

Манчестер Сити во моментов е најдобриот тим во светот, додека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер во светот. Мојот восхит кон него не престанува. Уживав да работам со него, двајцата сакаме да победуваме. Во однос на самиот натпревар нема што многу да се говори. Знаеме против кого играме, знаеме дека на теренот треба да го покажеме најдоброто од себе“ посочи стратегот на Арсенал.

ПретходноНајзборуваниот трансфер во Реал би можел да се случи дури во август
СледноШампионот продолжи победнички пред почетокот на плеј-офот