Најдобриот тим повторно на колена пред Атланта, Богдановиќ со тројка донесе продолжение (ВИДЕО)

956

Во НБА се одиграа два натпревари и за двата може да се каже дека беа дерби во Источната конференција. Во центарот на вниманието е дуелот меѓу Атланта и Бостон, кој беше решен после продолжение. Како победник излезе домашниот состав, кој славеше со 123-122. Ова беше втора победа во само три дена.

Богдан Богдановиќ уште еднаш блесна во дресот на Атланта. Постигна 24 поени, седум скока и пет асистенции и беше втор најдобар поединец на својот тим на овој меч. Најважниот потег на натпреварот го направи на половина минута пред крајот на мечот, кога погоди тројка со која неговиот тим израмни (112:112), а подоцна отиде во продолжение. Во победничкиот тим неприкосновен беше Мареј кој мечот го заврши со дури 44 поени, додека во тимот на Бостон се истакна Тејтум со 31 поен.

За тимот на Атланта ова беше исклучително важна победа, која сега има скор 34-39 и сериозно му се заканува на деветтопласираниот Чикаго кој има една победа повеќе.

На втората средба одиграна во НБА-лига, Њу Орлеанс го совлада Милвоки со 107-100.

ПретходноАлкараз елиминиран во четвртфиналето на Мајами
СледноЛиверпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија?