Робертсон ќе паузира само еден меч

71

Навивачите на Ливерпул можат да здивнат. Најновите лекарски прегледи покажаа дека повредата на левиот бек Ендрју Робертсон не е сериозна. Тој избегна сериозна повреда на пријателскиот натпревар на репрезентацијата на Шкотска против селекцијата на Северна Ирска.

Денеска лекарите направиле дополнителни специјалистички испитувања кои покажале дека 30-годишниот Шкотланѓанец нема сериозно оштетување на коските или лигаментите во скочниот зглоб, па се очекува да пропушти само еден меч за Ливерпул.

То аќе биде неделниот дуел на избраниците на Јирген Клоп кога ќе му гостуваат на Брајтон во рамките на 30. коло од Премиер лигата.

ПретходноЈирген Клоп: Го разбирам Чаби Алонсо зошто сака да остане во Леверкузен!
СледноПеп во проблеми пред дуелот со Арсенал: Стоунс и Вокер нема да играат на големото дерби