ФФМ по истрагата за наместени натпревари: Целосно соработуваме со МВР

421

По денешните информации за спроведена голема полициска акција во случаи со наместени фудбалски натпревари, се огласија и од Фудбалската федерација на Македонија.

„Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ,  потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн.

Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел“, велат од куќата на фудбалот.

ПретходноПеп во проблеми пред дуелот со Арсенал: Стоунс и Вокер нема да играат на големото дерби
СледноТалески и Митревски обезбедија четвртфинале во Купот на Португалија