Бугарска ренесанса – Димитров во финалето на Мајами!

226

Третиот тенисер во светот Јаник Синер се пласираше во финалето на турнирот Мастерс 1000 во Мајами. Италијанецот во полуфиналето го декласира бранителот на титулата Данило Медведев, кој го држи четвртото место на АТП-листата, со 6:1, 6:2 за само еден час и 11 минути. За Синер ова е трето финале во Мајами, но се уште не го подигнал победничкиот пехар. Ако успее во тоа ќе се најде на второто место на АТП листата на местото на Карлос Алкараз.

Во финалето ќе игра против бугарскиот репрезентативец Григор Димитров, кој успеа да слави со 2-1 (во сетови 6-4, 6-7 и  6-4). Со тоа првпат после 2018 година Димитров се врати меѓу најдобрите 10 на листата.

Во сите три сета имаше огромна битка. Првиот беше решен во десеттиот гејм кога Димитров дојде до брејк што автоматски значеше водство од 1:0.

Вториот сет помина без брејк, но во тај-брејкот петтиот во светот Зверев беше подобар и изедначи.

Сепак, 12. играч на планетата Димитров ја покажа својата ментална сила и одигра најдобро кога беше најпотребно во третиот сет. Тој стигна до брејк во седмиот гејм, поведе со 4:3, а потоа уште еднаш му го одзеде сервисот на ривалот и се избори за големото финале.

ПретходноДивац доби „незаборавна шлаканица“ од Дончиќ: Словенецот ја понижи легендата (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Во битката за Скопје на Чаир ќе “гори“…доаѓа Вардар, Тиквеш го дочекува Силекс