Доказите на СПОРТРАДАР се страшни, МВР ќе удри по местачите

1904

Како ќе се соочат екипите на Шкупи, Македонија Ѓ.П, Силекс, Воска и Брера со постапката која е почната против нив за месетење на натпревари од фудбалскиот шампионат на Македонија и Купот на Македонија. Со месеци и месеци во канцеларијата на ФФМ и во одделот на МВР за ваков вид на криминал се праќани докази од СПОРТРАДАР во кои се посочува кој од натпреварите одиграни во земјава се наместени за финансиски добивки. Со години и години овој проблем и криминал течеше без никаква реакција се до вчера кога МВР, Основното јавно обвинителство и ФФМ ги потврдија најавите за старт на истрагата.

Она што е јансо е тоа дека доказите кои се пратени од СПОРТРАДАР се фатални за клубовите и дека тука 100% е прецизен секој трансфер на пари. Станува збор за ненормални уплати на одредени квоти кои допринесуваат обложувалниците во светот да го алармираат СПОРТРАДАР, а потоа под оваа институција која е под крилата на ИНТЕРПОЛ и УЕФА се покренува акција со надлежни органи.

Затоа што станува збор за домашни натпревари, во акцијата се приклучени и помош е побарана од МВР и Обвинителството.

„СпортСпорт“ дознава дека постојат големи индиции за фатална разрешница за одредени клубови, фудбалери, судии и функционери со спонзори во одредени клубови. Веќе се таргетирани личностите против кои ќе биде покренат судскиот процес.

Со самата реакција на ФФМ вчера вечерта веќе е јасно и тоа дека фудбалската федерација исто така ќе мора бурно да реагира и да ги санкцонира сите за кои ќе се потвтрди дека местеле натпревари според постоечките правила и прописи. Лани колку за потсетување ваков сличен скандал имаше во Србија каде тогашниот прволигаш Колубара беше експресно префрлен во понизок ранг.

Листата на клубови кои вчера беше објавена е за сите кои се на радарот. Но, таму има екипи со 2 до 3 натпревари кои се сомнителни и клубови со 14 до 15 натпревари. Она што се знае дека петте прволигаши и двата од Втора лига како Победа и Арсими, се сочуваат со големи проблеми.

Суспензии, одење во понизок ранг и парични казни за клубовите се превидените мерки додека за фудбалерите, судиите и фудбалските работници со спонзорите се можни и затворски казни, парични казни и суспензии од неколку месеци до доживотни забрани за работа и учество во фудбалот.

Иако ФФМ дури доцна синоќа се огласи со соопштение, јасно е дека после акцијата на МВР некој и да сакал да го сокрие под тепих овие натпревари повеќе тоа не е можно.

Работите се отидени предалеку!

ПретходноПМФЛ: Во битката за Скопје на Чаир ќе “гори“…доаѓа Вардар, Тиквеш го дочекува Силекс
СледноВМФЛ: Беса и Пелистер во атак на нови победи, Детонит гостува во Куманово