Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 остварија важна победа во трката за опстанок во Суперлигата, откако денеска на гостувањето во Скопје против Голден Арт славеа со 21:26.
Вториот тим на битолчани е близу до останување во елитата, а Голден Арт ќе мора до крај да се бори за својата позиција во елитното друштво.
Најефикасен на мечот беше Белистојановски со 6 гола, додека во тимот на Голден Арт Давид Даев и Мице Шилегов имаа по 5 погодоци.