Зоран Штерјовски е нов шеф на стручниот штаб на Шкупи!

3751

По долги години Зоран Штерјовски се врати на Чаир, но сега како шеф на стручниот штаб на Шкупи. Поранешниот фудбалер на Слога Ј, денеска наш познат тренер, официјално е нов шеф на Шкупи. Него ќе го има во протоколот на следните мечеви на чаирчани како прв тренер и тоа од денеска, од мечот со Вардар во скопскоте дерби кое се игра денеска во 15 часот на Чаир.

Досегашниот тренер Младен Жижовиќ ќе биде тука, во стручниот штаб, но официјално нема да биде тој што ќе се води како шеф на стручниот штаб. Ова доаѓа од фактот дека тој наводно имал проблеми со лиценцата.

Сепак кога станува збор за Шкупи и неговото раководство, пред се спонзорот, таму работите се менуваат многу брзо.

ПретходноВо Англија тврдат дека Гвардиола донел одлука за својата иднина
СледноИталијански новинар тврди: Осимен е веќе продаден за 120 милиони евра!