Италијански новинар тврди: Осимен е веќе продаден за 120 милиони евра!

203

Познатиот италијански новинар Карло Авино пренесува дека трансферот на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, е завршна работа, но засега не се открива клубот каде Нигериецот ќе се пресели ова лето.

Од Италија пристигнуваат вести дека нигерискиот репрезентативец е продаден и тоа токму за споменатата цифра до 120 милиони евра која е ставена како откупна клаузула во неговиот договор. Со тоа Наполи ќе го урне трансферниот рекорд од продажбата на Едисон Кавани во ПСЖ за 60 милиони евра, или оној на Игуаин во Јувентус за 90 милиони.

„Хипотезата дека никој нема да ја плати клаузулата не постои, Осимен веќе склучил договор со новиот клуб заедно со Де Лаурентис. Непримерно е да се открие името на новиот клуб, Осимен мора да игра добро за Наполи во следните девет натпревари, односно до крајот на сезоната“, изјави Авино.

ПретходноЗоран Штерјовски е нов шеф на стручниот штаб на Шкупи!
СледноНова бламажа на Наполи, убедлив пораз од Аталанта на домашен терен