Фудбалерите на Аталанта го совладаа Наполи убедливо со 3:0 како гости целосно надигрувајќи ги се уште актуелните шампиони. Оваа победа е исклучително важна за тимот од Бергамо, затоа што останува во трка за место кое води во Лигата на шампионите следната сезона, додека „наполитанците“ уште еднаш покажаа дека се во длабока криза.
Со головите на Миранчук и Скамака, Аталанта се избори за убедливи 0.2 на полувремето, а во вториот дел контролирајќи ја играта и резултатот, само го запечатија триумфот со голот на Компајнерс на две минути пред крајот.