Шкупи во скопската пресметка бр.26 го победи Вардар со 3:0. Ова беше меч од 25.коло, меч во кој чаирчани доминираа, имаа повеќе шанси и заслужено победија па така сега имаат 51.бод, исто како и лидерот Струга ТЛ, но со послаба гол разлика и меч повеќе.
Стрелци на головите беа Сампајо во 54.минута кога убаво го матираше Гачевски со шут со глава, додека во 68.минута Трапановски убаво се снајде пред голот на гостите. Меѓу овие два гола гостите останаа со играч помалку отккако Ристовски доби втор жолт картон. Во 78.минута и Гронер стрелаше за 3:0
Во првиот дел Шкупи имаше повеќе шанси и закани, имаше и зицери, но на пауза се замина со тие почетни 0:0.
Во второто полувреме Шкупи уште повеќе притисна, постигна два гола и заслужено победи.
Чаирчани и дефинитивно знаат како против Вардар, ова е нивна четврта победа во низа во меѓусебните дуели.
Во 80. минута Руватубјае доби втор жолт, односно црбен картон, па силите на теренот се израмнија во самиот финиш на средбата.
Вардар беше многу блиску до гол, кога во таа 83.минута Глишиќ ја погоди пречката на Гачевски.
Во Кавадарци попладнево се играше вториот меч од ова 25.коло. Тиквеш покажа дека е во форма и со голот на Даноски во 54.минута успеа да поведе против Силекс, но не успеа да победи зошто Марко Ѓорѓиевски во 90+3.минута успеа да погоди за 1:1, за тага во Кавадарци и за радост во редовите на кратовци.