Полувреме: Шкупи атакува, имаше и зицери, Вардар се брани на Чаир, нема голови и во Кавадарци!

166

Завршија првите полувремиња од двете денешни средби од 25.коло во ПМФЛ. На скопската пресметка на Чаир, Шкупи е поактивен, имаше и неколку шанси, па и зицери, но сепак Вардар одлично се брани.

Пред околу 5.000 гледачи на Чаир, Шкупи уште во 2.минута се закани преки Сампајо, три минути подоцна Гронер имаше зицер, а во 18.минута Диене се закани од далечина и за малку непрецизно.

Во 25.минита Брдаровски имаше празен гол, но беше крајно лево и не успеа да шутне. Во 45.минута одново Гронер беше во голема шанса, но нема гол. По корнерот Пинтер шутираше со глава, но само во пречката.

На пауза се замина со тие почетни 0:0.

И во Кавадарци нема голови. Даноски и Спахиу имаа супер шанси за водство на кавадарчани, додека кратовци имаа неколку обиди кон домашниот гол, но и наа средба по првите 45.минута резултатот е 0:0.

ПретходноСанев одбра 14 јуниори кои ќе играат на квалификациите за ЕП во Италија
СледноФантастичен пресврт: Њукасл од 1:3 до победа на „Ст. Џејмс Парк“