Француски репрезентативци вдишувале гас за смеење и малтретирале гости во хотелот по мечот со Чиле

102

Неколку репрезентативци на Франција вдишувале гас за смеење по натпреварот со селекцијата на Чиле.

Избраниците на Дидие Дешамп го победија Чиле во пријателски натпревар со резултат 3:2, а новинарот Ромен Молина известува дека по овој натпревар гостите на хотелот во кој престојувал францускиот тим морале да повикаат полиција. Околу 6 часот полицијата реагирала во хотелот „Софител“ поради поплаки за бучава.

Се тврди дека тројца француски репрезентативци конзумирале алкохолни пијалоци и азотен оксид (гас за смеење). Тие се однесувале пркосно, агресивно и одбивале да ја исклучат музиката.

Продажбата на азотен оксид како психоактивна супстанција е забранета во Франција од 1 јуни 2021 година, поради загриженоста дека неговата употреба може да доведе до вртоглавици, гушење и сериозни невролошки и срцеви проблеми.

ПретходноФантастичен пресврт: Њукасл од 1:3 до победа на „Ст. Џејмс Парк“
СледноПМФЛ: Шкупи знае како треба против Вардар, Тиквеш испушти победа во 90+3.! (ВИДЕО)