Алегри по поразот од Лацио: Бидете спокојни, ќе обезбедиме место во ЛШ

421

Јувентус доживеа пораз на гостувањето кај Лацио со гол на Адам Марушиќ во 93 минута од мечот. „Старата дама“ загуби драгоцени поени, а моментално е на третото место на табелата во Серија А. Тренерот Макс Алегри верува дека до крајот на шампионатот целта ќе биде исполнета – местото во ЛШ ќе биде обезбедено.
Ќе обезбедиме пласман во ЛШ, дури тоа да биде во последното коло. Статистиката вели дека не сме играле добро. За среќа, имаме висока предност во однос на петтопласираниот“, изјави Алегри за „ДАЗН“.

Јувентус освои седум бодови на последните девет натпревари во Серија А, а на последните два не успеа да постигне гол.
За поразот од Лацио кажа.
Не ја контролиравме топката во завршницата од мечот. Не можам да ги искарам играчите за нешто повеќе. Во финишот лошо се одбранивме и примивме гол. Сега ќе треба да се рехабилитираме. Ни следува меч од Купот на Италија кој мора да го добиеме“, изјави Алегри.
Противник на Јуве во Купот е токму Лацио.

ПретходноМечот Балкани-Динамо Загреб бил наместен?
СледноМилан победнички во Фиренца, се зацврсти на второто место на табелата