Андреј Јакимовски сериозно размислува да се пријави на НБА драфтот

353

Една од најголемата надеж на македонската репрезентативна кошарка, Андреј Јакимовски на социјалните мрежи откри дека сериозно ја разгледува можноста да се пријави на претстојниот НБА драфт.

Пред извесно време, Вашингтон му се заблагодари на Македонецот за четирите прекрасни години оставајќи му простор да одигра уште една сезона.

„Одлучив да ги разгледам сите опции за трансфер, размислува да се обидам на НБА драфтот. Во исто време имам шанса да се вратам во Вашингтон Стејт“, е ставот на Јакимовски.

Единствен кошаркар кој настапувал во НБА-лигата од Македонија е актуелниот претседател на КФСМ, Перо Антиќ.

ПретходноЧудесниот Вембањама одигра натпревар кој не е виден повеќе од 30 години (ВИДЕО)
СледноДивац доби „незаборавна шлаканица“ од Дончиќ: Словенецот ја понижи легендата (ВИДЕО)