Годинава за Баер (Л) нема пречки кои не може да ги помине. Попладнево во мечот од 27. коло на Бундеслигата, лидерот на табелата и најверојатен нов шампион успеа повторно со пресврт да дојде до нова победа и да покаже дека сезонава им нема рамен во елитното германско друштво.
Хофенхајм поведе преку Баер во 33 минута и успеваше да оддолее на домашните напади се до 87. минута. Токму во оваа минута домашните успеаја да ја искористат шансата за прв гол по ударот на Андрих, кој успеа да го најде патот до гостинската мрежа и да израмни. По овој гол се чинеше се полесно, па само три минути подоцна во првата минута од судиското надополнување, мајсторот за пресврти Патрик Шик погоди за 2:1 и нова победа на момците на Чаби Алонсо.
Лајпциг на нашиот Елиф Елмас одигра без голови (0:0) дома против Мајнц, а нашиот репрезентативец доби само пет минути во финишот на мечот.
Фрајбург со убедливи 3:0 славеше на гости кај Борусија (М), додека Ајнтрахт (Ф) и Унион Берлин завршија 0:0. Гостинска победа од 2:0 славеше Волфбсург против екипата на Вердер.