Барса се измачи но ги освои бодовите против Лас Палмас

151

Иако не блескаше, имаше бројни промашувања, сепак, екипата на Барселона стигна до победа над Лас Палмас со 1:0 во меч од 30 коло на Ла Лига. Барселона две третини од мечот го играше и со фудбалер повеќе. Поради суспензија, Чави седеше на трибините, а неговите помошници ја водеа екипата.

Во 25 минута голманот Алваро Валес го сруши Рафиња надвор од казнениот простор и заработи црвен картон.
Во првото полувреме Левандовски ја погоди пречката, а Рафиња постигна гол кој беше поништен поради офсајд. (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ)
Сепак, во вториот дел Барселона го скрши отпорот на гостите. Феликс кој влезе на почетокот на второто полувреме го пронајде Рафиња кој ја смести топката во мрежата на противникот (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ).

Следуваа уште шанси за Барса преку Феран Торес, Жоао Феликс кој ја погоди пречката. Во финишот Лас Палмас можеше да изненади но Молеиро стрелаше во надворешниот дел од мрежата.
Барселона е на второто место со пет бода помалку од лидерот Реал Мадрид кој во недела ќе игра против Атлетик Билбао.

ПретходноЛудо судиско продолжение во Брентфорд – Јунајтед поведе во 96. минута, но домаќините освоија бод
СледноТухел се предаде: На Баер Леверкузен им ја честитам титулата!