Динамо го совлада Хајдук на „Пољуд“ и му го зема второто место на табелата

620

Во големото хрватско дерби, Динамо го победи Хајдук со 1:0 и тоа на „Пољуд“ пред 31.000 гледачи и го прескокна сплитскиот клуб на второто место на табелата. Динамо со оваа победа има 57 бодови, Хајдук кој го доживеа седмиот пораз има 55 бодови. Ријека е прва со 62 бода.
Одлучувачкиот гол го постигна Бруно Петковиќ во 38 минута. Инаку мечот го одбележаа неколку интересни ситуации.

Во 44 минута супер шанса за Хајдук, Фахд Муфи се обиде да погоди, а од гол линијата исфрли Бернар. Од ВАР собата потврдија дека топката не ја минала гол линијата.
Во следната минута одбраната на Хајдук лошо реагираше, а шутот на Батурина од работ на 16 метри заврши во стативата.
Во 56 минута Хајдук остана без Марко Ливаја кој мораше да излезе поради повреда.
Се играше 69. минута Муфија шутираше но чудесно одбрани Иван Невистиќ.
Во 81 минута Никола Калиниќ се најде во супер шанса, но неговиот шут го запре Невистиќ, во продолжение на акцијата проба и Брекало но топката отиде преку голот.

Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери на овој меч. Ристовски го одигра целиот меч и доби жолт картон. Адеми играше до 55 минута.
На спротивната страна Александар Трајковски остана на клупата.

ПретходноАнчелоти: Се плашам дека Винисиус ќе си оди од Шпанија поради расизмот
СледноМечот Балкани-Динамо Загреб бил наместен?