Карате клубот Макпетрол е најуспешна екипа на Државното карате првенство за сениори кое се одржа денеска. Макпетрол освои 11 медали, од кои 5 златни, 3 сребрени и 3 бронзени, сите во борби.
На второто место се најде карате клубот Олмпик спорт 2007 со шест медали, од кои 3 златни. Третото место е за Фунакоши Гичин кој освои шест медали од кои две златни.
На Државното првенство учествуваа 88 каратисти од 30 екипи.