Минатата есен Динамо Загреб изгуби од косовски Балкани со 2:0 во Приштина во групата од Конференциската лига. Динамо, кој е стандарден во ЛШ изминатите сезони, го одигра еден од најлошите европски мечеви во историјата.
Беше поразен од Балкани иако важеше за фаворит. Косовскиот првак релативно лесно го доби тојн меч.
Денеска е објавено дека е покрената истрага поради тоа што постојат сомнежи дека мечот бил наместен. Од обвинителството за косовски „Национале“ потврија дека се истражува мечот.
„Точно е дека се води истрага за тој меч“, потврди потпаролката на обвинителството Лаурета Улај.