МЗТ Скопје од првото место ќе го стартува плеј-офот

179

Со најубедливата победа до сега екипата на МЗТ Скопје го заврши регуларниот дел од сезоната во Првата лига на првото место, а со тоа си обезбеди предност на домашен терен до крајот на плеј-офот.
МЗТ Скопје славеше над ФМП со 105:67. Со тоа МЗТ дојде до скор 18-4 исто колку што има и Работнички, но „штрковите“ се први поради подобриот кош-количник во меѓусебните дуели.

Баковиќ со 19.поени (и седум скока) ја предводеше гостинската петорка со двоен број на поени. Робев запре на 17 реализации (и шест скока), а свои одлични минути имаше троецот млади кошаркари, Андоноски (20.поени и девет скока), Миловановиќ (12.поени и 3.скока) и Петков, кој заврши со 11.поени.

Кај Навико Академија ФМП, Робертс постигна 25.поени, Петровски додаде 13, а Ѓурашевиќ и Димитровиќ имаа по десет реализации.

А освојувањето на првото место ги однесе МЗТ Скопје во плеј-оф пресметка со Гостивар 1954. Ќе се игра до три победи.

Очекувана победа забележа и вицепрвакот Пелистер кој славеше во Гевгелија со 80-87 која беше 16-та овосезонска победа во домашното првенство. Пелистер во плеј-офот влегува од третата позиција, а Кожув ќе се бори за опстанок.

ПретходноПрвпат по 2003, Астон Вила ги совлада Вулвс на свој терен во премиерлигашки меч
СледноАнчелоти: Се плашам дека Винисиус ќе си оди од Шпанија поради расизмот