Милан победнички во Фиренца, се зацврсти на второто место на табелата

143

По три години тимот на Милан си заминува од „Артемио Франки“ со три бода на контото. „Росонерите“ вечерва во меч од 30.коло славеа на гостувањето кај Фиорентина со 1:2. Сите голови паднаа во второто полувреме.
Рафаел Леао кој имаше јубилеј, 200-ти настап за Милан се истакна со асистенција и гол.
Во 47 минута му асистираше на Лофтус Чик за предност на Милан. Сепак, три минути подоцна Данкан го изедначи резултатот. Се уште не седнаа домашните навивачи, гостите од Милано повторно дојдоа во предност. Леао успеа да ги „прошиша“ како брз воз дефанзивците на Фиорентина и нивниот голман и да ја затресе мрежата.


Тој гол се покажа како решавачки. Милан е втор на табелата со 65 бода по 30 меча, 11 помалку од лидерот Интер кој има и меч помалку. Фиорентина е на позиција 10 со 43 бода од 29 меча.

ПретходноАлегри по поразот од Лацио: Бидете спокојни, ќе обезбедиме место во ЛШ
СледноФеникс подобар од ТФТ, Чаир убедлив против Охрид