Миовски го постигна 14. гол за Абердин сезонава

272

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски се врати во голгетерска форма и во дресот на Абердин. Денеска во првото полувреме на мечот со Рос Каунти, нашиот центарфор уште во 5. минута успеа да го погоди противничкиот гол за водство од 1:0.

За Миовски ова е 14-тиот гол оваа сезона во шкотската Премиер лига. Со овој погодок Миовски останува на 3. место на листата на најдобри стрелци во лигата.

ПретходноПМФЛ: Шкупи знае како треба против Вардар, Тиквеш испушти победа во 90+3.! (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Беса и Пелистер со убедливи победи, Детонит поразен во Куманово