Нова шок одлука: Ѓоковиќ не сака да игра на Вимблдон?

451

Според италијанскиот весник „Газета дело спорт“, Новак Ѓоковиќ наводно не сака да игра на годинешниот „Вимблдон“, со цел што подобро да се подготви за Олимписките игри во Париз, кои ќе му бидат приоритет.

Како што додаваат Италијанците, тоа наводно било една од причините поради која Горан Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ ја прекинале соработката.

Ѓоковиќ се уште нема олимписко злато, а претстојните игри во Париз се одлична можност тоа да се промени.

Ролан Гарос се игра од 20 мај до 9 јуни, потоа Вимблдон ќе се игра од 1 до 14 јули, додека тенисот на Олимписките игри, повторно на земјена подлога, ќе се игра од 27 јули до 4 август.

Ѓоковиќ би можел да донесе уште една изненадувачка одлука во серијата со тоа што ќе покани сосема неочекувана личност да биде дел од неговиот стручен штаб, еден од потенцијалните тренери е Маркос Багдатис, финалистот на Австралија опен во 2006 година.

ПретходноНова бламажа на Наполи, убедлив пораз од Аталанта на домашен терен
СледноСанев одбра 14 јуниори кои ќе играат на квалификациите за ЕП во Италија