Пелистер лесно со Струга, Тиквеш го преживеа Пролет

136

Актуелниот првак без проблем дојде до бодовите против Струга, на домашен терен славеше со 34-23 во меч од шестото коло во плеј-офот.

Овој меч решен после едно полувреме, Пелистер имаше водство од 16-9, а веќе на стартот на вториот дел со серија од 5-2 поведе со двоицфрени 21-11. Ова беше повеќе од доволно за мирен финиш.

Васиљев со шест гола беше прв стрелец, зад него беше Цехте со пет. На другата страна Бошњак и Тренчевски постигнаа по осум погодоци.

На втората средба во Скопје видовме поголема драма. Пролет повторно се покажа како незгоден противник, овој пат против Тиквеш, кој дури во самиот финиш успеа да дојде до победа од 23-26.

Во првото полувреме домаќинот водеше со 8-6, додека на другата страна гостите на двапати ја имаа истата предност (8-10 и 10-12).

По одморот изедначената битка продолжи, со тоа што домаќинот во 47 минута имаше позитива од два гола (19-17). Тиквеш се врати на оваа средба, поведе со 21-23 на пет минути до крајот. Кавадарчани успеаја да сочуваат позитива за победа.

Манасков со осум гола беше прв стрелец кај победникот, еден помалку запиша Темелкоски. На другата страна Андоновски запиша пет погодоци.

Во меч од 6.мколо од плеј-аут фазата ракометарите на Прилеп славеа на домашен терен над еден од директните ривали за опстанок, Вардар Неготино со 27-22. Со овие бодови тимот предводен од Божидар Мојсов ита кон остварување на целта за оваа сезона, а тоа е опстанокот во суперлигашката конкуренција.

Најефикасен кај победничката екипа беше Владан Кастратовиќ со пет гола, а кај гостите Лазар Адамовиќ со осум.

ПретходноПарма е кошмар за УНИКС и Димитријевиќ
СледноРаботнички го стори своето, чека абер од Кисела Вода (ФОТО)