Првпат по 2003, Астон Вила ги совлада Вулвс на свој терен во премиерлигашки меч

54

Звучи неверојатно но Астон Вила првпат по декември 2003 година слави победа над Вулверхемптон во премиерлигашки дуел на домашен терен. Резултатот на семафорот 2:0 за Вила со головите на Диаби во 36 минута и на Конса во 65 минута.
Исто така Вила ја прекина серијата од шест меча без победа над Вулвси, поточно од декември 2012 година кога славеа во гости со 1:0. Од тогаш две ремија и три порази.

Голманот на Вила, Емилијано Мартинез го запиша 50-тиот меч без примен гол во Премиер лигата.

На табелата Астон Вила е на четвртото место со 59 бода но и меч повеќе од Тотенхем кој е петтопласиран со 56 бода.
Вулверхемптон е на 10-тата позиција со 41 бод.

ПретходноБаерн останува без титулата – Борусија славеше во Минхен!
СледноМЗТ Скопје од првото место ќе го стартува плеј-офот