Работнички го стори своето, чека абер од Кисела Вода (ФОТО)

311

Најтрофејниот кошаркарски колектив го стори своето, го победи Гостивар со 104-84 во последното коло од регуларниот дел со, а дали ќе стартува од првата позиција во плеј-офот, одговорот ќе го добие наскоро, по завршување на мечот меѓу Академија ФМП и МЗТ Скопје, дуел кој речиси сигурно ќе го добијат гостите.

Декоси имаше 28 поени, Трис 20 поени и 7 асистенции, додека Рикиќ запиша дабл-дабл од 20 поени и 11 скока. Кај гостите, Вилијамс имаше 39 поени и 8 скока, недоволни за изненадување.

Работнички и Гостивар одиграа доста интересен натпревар со бројни поени, особено во втората и третата четвртина во која паднаа вкупно 125 поени.

Избраниците на Горан Самаџиев ја продолжија серијата на победи, ја имаа контролата на натпреварот. По првата четвртина имаа водство од 21-15, додека на одморот беше 52-40. Иако не се чувствуваа комотно и сигурно до овој дел од средбата, сепак на крајот успеаја да го урнат отпорот на противникот и да дојдат до планираните бодови.

Работнички, Првата лига ја завршува со скор од 17/4, додека Гостивар со 8/14.

ПретходноПелистер лесно со Струга, Тиквеш го преживеа Пролет
СледноЛацио го победи Јувентус со гол во 93 минута! (видео)