Тухел се предаде: На Баер Леверкузен им ја честитам титулата!

636

По поразот од Борусија Дортмунд, најтрофејниот Баерн Минхен ја губи трката за титулата во Бундес лигата. Четата на Томас Тухел загуби дома од Борусија Дортмунд со 0:2 и сега разликата во однос на лидерот Баер Леверкузен е 13 поени на седум кола до крајот на шампионатот.
Тухел крена бело знаменце и им ја честита историската прва титула на Баер.
По овој меч можам само да им ја честитам титулата на Баер Леверкузен. Видете колкава е разликата, мислам дека се е јасно“, изјави Тухел за „Скај спортс Германија“.
Леверкузен е во рекордна серија од 39 меча без пораз во сите натпреварувања, а им требаат уште три победи за математички да ја обезбедат титулата која ќе им биде прва во историјата.

ПретходноБарса се измачи но ги освои бодовите против Лас Палмас
СледноТитулата во Мајами за првпат и припадна на најслабо рангирана тенисерка