Фантастичен пресврт: Њукасл од 1:3 до победа на „Ст. Џејмс Парк“

49

Фудбалерите на Њукасл  со фантастичен пресврт славеа на домашен терен против Вест Хем со 4:3 откако во еден дел од мечот имаа негатива и од 1:3.

Иако Њукасл поведе со раниот гол на Александар Исак од пенал Вест Хем успеа да направи пресврт со головите на Антонио, Кудус и Бовен. Сепак, во финишот Исак реализираше уште еден пенал, а потоа му асистираше на Барнс за 3:3. Фантастичниот Харви Барнс постигна и втор гол во судиското надополнување за 4:3 и огромна радост на „Ст. Џејмс Парк“.

Њукасл успеа да дојде до голема победа и покрај новите повреди, а во последните моменти Гордон заработи втор жолт и црвен картон што ќе биде нов проблем за Еди Хау во продолжението од сезоната.

ПретходноПолувреме: Шкупи атакува, имаше и зицери, Вардар се брани на Чаир, нема голови и во Кавадарци!
СледноФранцуски репрезентативци вдишувале гас за смеење и малтретирале гости во хотелот по мечот со Чиле