Неколку репрезентативци на Франција вдишувале гас за смеење по натпреварот со селекцијата на Чиле.
Избраниците на Дидие Дешамп го победија Чиле во пријателски натпревар со резултат 3:2, а новинарот Ромен Молина известува дека по овој натпревар гостите на хотелот во кој престојувал францускиот тим морале да повикаат полиција. Околу 6 часот полицијата реагирала во хотелот „Софител“ поради поплаки за бучава.
Се тврди дека тројца француски репрезентативци конзумирале алкохолни пијалоци и азотен оксид (гас за смеење). Тие се однесувале пркосно, агресивно и одбивале да ја исклучат музиката.
Продажбата на азотен оксид како психоактивна супстанција е забранета во Франција од 1 јуни 2021 година, поради загриженоста дека неговата употреба може да доведе до вртоглавици, гушење и сериозни невролошки и срцеви проблеми.