Една од најголемата надеж на македонската репрезентативна кошарка, Андреј Јакимовски на социјалните мрежи откри дека сериозно ја разгледува можноста да се пријави на претстојниот НБА драфт.
Пред извесно време, Вашингтон му се заблагодари на Македонецот за четирите прекрасни години оставајќи му простор да одигра уште една сезона.
„Одлучив да ги разгледам сите опции за трансфер, размислува да се обидам на НБА драфтот. Во исто време имам шанса да се вратам во Вашингтон Стејт“, е ставот на Јакимовски.
— Andrej Jakimovski (@andrejjaki23) March 29, 2024
Единствен кошаркар кој настапувал во НБА-лигата од Македонија е актуелниот претседател на КФСМ, Перо Антиќ.