Бајката на Бензема во С.Арабија се претвори во кошмар

317

Карим Бензема вчера имаше уште еден тежок ден. Ал-Итихад победи со 3:1 против Ал Феиха, но 36-годишниот француски напаѓач повторно промаши пенал.
Бензема имаше шанса да го доведе својот тим напред. Но, тоа го прочита искусниот Србин Владимир Стојковиќ и го одбрани неговиот удар.

Ова е четврти промашен пенал за Бензема оваа сезона. Како да заборави да шутира од 11 метри, но ниту останатото што го прави на теренот не е она што Арапите го очекуваа од францускиот напаѓач.

Тој е под договор за 200 милиони евра годишно. Сепак, Бензема не е ни блиску до фудбалерот кој ’неодамна’ беше најдобар во светот и не е ни чудо што често е напаѓан од навивачите.

Арапите нема долго да го толерираат неговиот очај. Веќе се споменуваше дека ова се неговите последни недели во тимот на Ал-Итихад. 36-годишниот едноставно не го нуди на теренот она за што е платен и изгледа навистина катастрофално.

Бензема затоа за неколку недели би можел да стане поранешен член на тимот од Саудиска Арабија. И покрај очајната форма, сигурно ќе има заинтересирани од Европа бидејќи сепак е големо име.

Французинот беше суспендиран на кратко оваа сезона. Правеше што сакаше и дури беше целосно надвор од тимот еден месец. Беше вратен со многу мака, а оваа сезона на 23 настапи постигна 12 гола, од кои Ал-Итихад не се задоволни.

Карим Бензема во Саудиска Арабија пристигна како најдобар играч на светот, но легендарниот Французин не ’експлодира’ и Саудијците сметаат дека неговиот настап е многу слаб.

Покрај критиките, славниот Французин доби и прекар, што дефинитивно е огромно понижување за играч од оваа класа. Го нарекуваат „Бен-Хазим“, односно „Син на поразот“.

Не е ни чудо. Четири промашени пенали, два автогола секако не е тоа што го очекуваа од него, а сосема разбирливо е што бараат негово заминување.

ПретходноНајлудиот кош во Евролига: Словенец погоди додека беше легнат на подот (ВИДЕО)
СледноЈасикевичиус: Нема прашања? Многу тажно за турското новинарство!