ВМФЛ: Беса и Пелистер со убедливи победи, Детонит поразен во Куманово

1178

Попладнево се одиграа сите осум средби од 22.коло во ВМФЛ. Како што и се очекуваше, лидерот Беса и вториот Пелистер славеа убедливи победи на свој терен.

Беса со 3:0 успеа да гп “реши“ составот на Караорман па со тоа уште повеќе да се приближи кон пласман во ПМФЛ. Пелистер во Битола со 3:1 успеа да го победи Вардар (Н). Третиот Детонит беше поразен од Башкими во Куманово со 1:0, и по ова се чини дека дефинитивно радовишани нема што да бараат во битката за второто место. Ќе мора да се задоволат со евентуаален бараж за пласман во елитата.

Интересно беше во Тетово, каде Тетекс се до 90+5.минута имаше водство од 1:0, но прими гол, поточно тоа беше автогол и не успеа да дојде до двата драгоцени бода.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 22.КОЛО

Арсими – Скопје 1:1

Башкими – Детонит 1:0

Беса – Караорман 3:0

Охрид – Беласица 2:1

Осогово – Новаци 1:0

Пелистер – Вардар (Н) 3:1

Победа – Саса 2:1

Тетекс – Кожув 1:1

ТАБЕЛА

Беса 57, Пелистер 51, Детонит 45, Арсими 40, Охрид 36, Скопје 35, Башкими 34…

ПретходноМиовски го постигна 14. гол за Абердин сезонава
СледноБаер (Л) со шампионски пресврт и победа, Елмас и Лајпциг без „муниција“ (ВИДЕО)