Кој ќе тргне од стартната позиција во плеј-офот, Работнички или МЗТ Скопје?

113

Оввој викенд, по одигрувањето на последното 22. коло ќе ги дознаеме натпреварувачките броеви, односно ќе биде формиран натпреварувачкиот „костур“ за третиот и последен дел од сезоната – плеј-офот.

Најголемата енигма е околу тоа која екипа ќе биде на позицијата број 1, најдобрата во доигрувањето за титулата. А ќе се решава помеѓу вечните ривали во македонската кошарка, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Моменталната состојба на табелата дека двете екипи влегуваат со подеднакви шанси за освојување на пол-позицијата. Имаат идентичен број на бодови, и скор од 17/4.

Моментално, Работнички има подобар кош-количник (плус 332) во однос на својот најголем конкурент, не само во оваа сезона, туку и низ историјата (+244). Но актуелниот шампион има предност во меѓусебните дуели одиграни во овој прв круг од натпреварувањето.

На првиот меч, одигран на 21.октомври, МЗТ Скопје како гостин го совлада Работнички со (73:59). На вториот, уште една победа на гостите, Работнички славеше во СЦ „Јане Сандански“, со (95:91).

Оттука, на „сино-белите“ им треба победа на гостувањето во сабота навечер (од 18.30 часот) во салата „Независна Македонија“, против Навико Акадмеија ФМП, за да бидат првопласирани.

Работнички мора да чека кикс на својот опонент, и секако, да слави во дуелот против екипата на Гостивар, во натпреварот кој ќе се игра во СРЦ „Кале“, исто така во сабота, од 18.часот, за да остане на првото место.
Отворено е и прашањето за и околу тоа кои екипи ќе се наредат од третата до шестата позиција.

Пред ова коло, најголеми шанси да биде третопласирана е екипата на Пелистер.

Битолчани се на ефект (15-6), и со евентуален триумф на гостински терен во Гевгелија, против Кожув (сабота, 19.часот), ќе останат чекор понапред во однос на Чаир 2030 и на ТФТ Моцарт (двете имаат идентичен ефект, 14-7).

Во сабота навечер (20.30 часот), во СРЦ „Кале“, екипата од Тафталиџе го дочекува Феникс 2010, додека половина час подоцна, од 21 часот, чаирчани, во слатаа „Шабан Трстена“ ќе го пречекаат  Охрид.

Во случај и двете екипи да завршат со идентичен учинок, предност ќе има екипата на Чаир 2030.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 22.КОЛО

30.МАРТ (САБОТА)

18.00: Работнички – Гостивар

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hvr5B6RA_E0?si=OZbmCvoKcG6rf5jl

18.30: Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/yBHq3HAC1Yg?si=SYDVgCFlG0L8B80g

19.00: Кожув – Пелистер

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНКhttps://www.youtube.com/live/6RA9HdZgOm8?si=LLUiamhiBP7GjVm3

20.30: ТФТ Моцарт – Феникс 2010 (МРТ3)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/FZOq5xGhWoY?si=EVytT35OuNxB1twY

21.00: Чаир 2030 – Охрид

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/fd0xL3IzuU4?si=hT1ZBSKHuPskFpSm

31.МАРТ (НЕДЕЛА)

19.00: Вардар – Еуро Никел 2005

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nVrgqx9-9v0?si=6rUoSQIsjj9n93jo

ТАБЕЛА: Работнички 38, МЗТ Скопје Аеродром 38, Пелистер 36, Чаир 2030 35, Еуро Никел 2005 34, ТФТ Mоцарт 33, Феникс 2010 32, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 25, Навико Академија ФМП 25, Вардар 24;

ПретходноЈасикевичиус: Нема прашања? Многу тажно за турското новинарство!
СледноАртета пред дербито: Мораме да покажеме што можеме на теренот, останатото се приказни