Во ВТБ лигата екипата на УНИКС доживеа уште еден пораз од Парма од Перм со 86-89 и тоа на домашен терен. Тоа е трет пораз по ред на УНИКС од оваа екипа сезонава што само покажува дека Парма е незгоден ривал за тимот од Казањ.
УНИКС имаше предност на полувреме од седум поени разлика, но во вториот дел гостите го свртеја резултатот и на крајот победија.
Македонскиот интернационалец во УНИКС, Ненад Димитријевиќ имаше ефект од 12 поени и осум асистенции во 30 минути на паркетот. Најефикасен кај домашните беше Лабејре со 19 поени, а Ерик Грин постигна 17.
Идното коло УНИКС му гостува на Зенит, а Парма игра дома со Локомотив Кубањ.