Селекторот на машката јуниорска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години, Ванче Санев и неговиот прв асистент Кристијан Ристески, го одредија списокот на одбојкари кои ќе бидат повикани на првиот собир пред заминувањето во Италија на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП.
Изборот на Санев падна на 14 одбојкари кои ќе се појаат на првата прозивка на 8 април во Штип. Во листата на повикани јуниори за квалификациите во италијанскиот град Поликоро се најдоа: Јован Лука Глигоров, Дамјан Јовановски, Алек Спасовски, Филип Новаков, Јован Милев, Михаил Радевски, Давид Николов, Дарко Жабев, Лука Ристовски, Тоше Ефремов, Дамјан Миневски, Филип Петрушевски, Семих Кадриев и Крсте Милков.
Македонија се најде во групата „1“ од главните квалификации за ЕП 2024 во кој асе и домаќинот Италија, како и селекциите на Грција и Израел. Првиот меч во Поликоро ќе го одиграме на 12 април против домаќинот Италија.