Фудбалерите на Њукасл со фантастичен пресврт славеа на домашен терен против Вест Хем со 4:3 откако во еден дел од мечот имаа негатива и од 1:3.
Иако Њукасл поведе со раниот гол на Александар Исак од пенал Вест Хем успеа да направи пресврт со головите на Антонио, Кудус и Бовен. Сепак, во финишот Исак реализираше уште еден пенал, а потоа му асистираше на Барнс за 3:3. Фантастичниот Харви Барнс постигна и втор гол во судиското надополнување за 4:3 и огромна радост на „Ст. Џејмс Парк“.
Њукасл успеа да дојде до голема победа и покрај новите повреди, а во последните моменти Гордон заработи втор жолт и црвен картон што ќе биде нов проблем за Еди Хау во продолжението од сезоната.