Грчкиот ѕвер му ја исполни желбата на Србинот (ВИДЕО)

259

По двете неодамнешни победи над моќниот Бостон Селтикс, Атланта не успеаја да му го „земе скалпот“ на Милвоки Бакс, беше поразена со 122:113.

Светла точка во очекуваниот пораз беше Богдан Богадновиќ со феноменална партија, 38 поени и 10 скока. Му недостигаа два поени за личен рекорд.

Колку блесна може да се види од неговиот потег по натпреварот.

Тој побара од двократниот МВП Јанис Адетокумбо да ги разменат дресовите во манирот на фудбалерите. Грчкиот ѕвер се согласи и беше создадена прекрасна слика за спомен.

Гркот го заврши натпреварот со 36 поени, 16 скока и осум асистенции.

ПретходноИванишевиќ од Новак заработи вистинско богатство со милионски бонуси
СледноМакедонецот Никола Секулов синоќа дебитираше за Јуве во Серија А!