Стефан Ристовски во свој стил – се качи на оградата и направи шоу со „Бед Блу Бојс“ (ВИДЕО)

438

Динамо Загреб со голема победа си оди од големото дерби со Хајдук во Сплит по која „модрите“ останаа во трката за титулата, а лутиот ривал е веќе на голем минус во однос на Ријека која е лидер на табелата. Аријан Адеми капитенски го го водеше Динамо до 55. минута, а Стефан Ристовски одигра борбени 90. минути со жолт картон и многу добиени дуели во одбраната.

На спротивната страна Алекс Трајковски од клупата гледаше како неговите екс репрезентативни другари слават на „Пољуд“ а посебно по натпреварот кога свое шоу на полниот стадион имаше Стефан Ристовски.

Дефанзивецот по крајот на натпреварот во свој стил замина кај своите навивачи, ги прескона паноата од рекламите и се качи на оградата за да бурно ја прослави големата победа со „Бед Блу Бојс“. Хрватските медиуми обрнаа гиолемо внимание на потегот на Ристовски чија што прослава во Спплит ја има по ТВ станиците, весниците и порталите.

Навивачите на Динамо во своите коментари го величат нивниот идол „Риле големиот“.
Да потсетиме дека стрелец на голот за победа беше Бруно Петковиќ во првиот дел, а Хајдук шанса за реванш има во среда кога се игра во Сплит нов дуел на двата гиганти но од Купот на Хрватска.

Во видеото може да ја видите прославата на Стефан Ристовски со навивачите на Динамо Загреб по победа над Хајдук во Сплит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)

ПретходноБогдановиќ го наполни кошот на бившиот шампион (ВИДЕО)
СледноХадис Таири пред дуелот со Воска: Уверени сме дека бодовите остануваат во Струга