Убаво фудбалско попладне во Струга. Шампионот, тимот на Струга ТЛ со 3:1 и тоа како удри против Воска во “Езерското дерби“ и тоа против својот некогашен стратег Срѓан Захариевски, кој денеска како тренер на Воска го забележа првиот пораз и тоа од “свпојата“ Струга.
Бесарт Ибраими во два наврати, Хоган Укпа еднаш, сосема доволно Струга ТЛ да освои големи три бода и повторно да е на +3 бода на врвот на табелата пред Шкупи и на +6 пред Шкендија.
Треба да се каже дека со тие два гола сега Бесарт има 195 голови во кариерата во ПМФЛ, недостигаат уште 5 за да дојде до големо достгнување, невидено во наши услови – 200 голови во ПМФЛ.ж
Пред средбата директорот на шампионот, Бесарт Исаку му додели враме дрес на тренерот Шпетим Дуро кој денеска го имаше 500 натпревар како прв тренер својата кариера.
Тој јубилеј Дуро го прослави со победа.