Албанските фудбалери од сезоната 2024/25 во Италија ќе играат како домашни играчи!

200

Се чини дека ова е историски момент за фудбалот во Албанија. Имено како што објави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука, од следната сезона 2024/25, Албанците во Италија ќе играат домашни играчи.

Ова доаѓа по посетата на премиерот на Албанија, Еди Рама, во Италија, а притоа се сретна и со Габриеле Гравина, претседателот на ФС на Италија.

Историски момент, добри вести за албанските фудбалери и албанскиот фудбал до кој дојдовме по јануарските преговори со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина. Ова е одлична можност за албанските фудбалери кои така ќе може полесно да заиграат во една од најсилните лиги во Европа“ објави на своите социјални мрежи Дука.

ПретходноУжасни вести за Пикси: Дали Србија ќе мора на ЕУРО 2024 без својот најдобар фудбалер?! (ВИДЕО)
СледноШокантно: Бразилски медиум ја платил кауцијата за Дани Алвес во замена за ексклузивно интервју?!