Алкалоид во второто полувреме го „скрши“ Бутел и ги освои бодовите

111

Вицешампионот Алкалоид освои важни бодови во борбата за титулата, а на гостувањето кај Бутел славеше со 20-23 во меч од 6.коло од суперлигашкиот плеј-оф. Домашните добро парираа во поголем дел од мечот, а во второто полувреме црвениот картон на Филип Николов ги разниша. Во тој момент Николов беше најдобар стрелец кај Бутел со девет голови.
Потоа Алкалоид го искористи неговото отсуство и го сврте резултатот, до крајот одржуваа два до три поени разлика. На крајот конечни 20-23.
Кај Алкалоид најефикасни беа Марко Митев и Мартин Серафимов со по пет погодоци.
Алкалоид е втор на табелата со 15 бодови и меч повеќе од третопласираниот Охрид кој има 14.

ПретходноСити и Арсенал ремизираа – борбата за титулата станува уште поинтересна
СледноБлесок на Родригез, Вардар со мака го победи Охрид