Блесок на Родригез, Вардар со мака го победи Охрид

380

Екипата на Вардар потешко од очекувањата го победи Охрид во гости со 27-25 (11-12) во меч од 6 коло на Суперлигата. Со оваа победа „црвено-црните“ го отвораат патот кон горниот дел од табелата и борбата за титулата.
Во последните десеттина минути Вардар успеа да го скрши отпорот на домаќинот и првпат да поведе со четири разлика (24-20). Но Охрид не се предаде и намали на 23-24, а потоа вардарци зголемија на 25-23 во следниот напад Томоски одбрани и разликата отиде на „плус три“ (26-23) и натаму веќе беше решен победникот. На крајот 27-23.
Кубанецот Родригез со 10 гола беше најефикасен кај Вардар, а Ѓукиќ постигна шест голови. Томовски имаше осум одбрани, од кои пет во второто полувреме.

ПретходноАлкалоид во второто полувреме го „скрши“ Бутел и ги освои бодовите
СледноШтутгарт имаше 2:0 и потоа во 98. минута спаси бод (видео)